Пожари во Лојане, Агино село и Брзак

Сподели со своите пријатели

Сува трева и стрништа горат во атарот на селото Лојане, информираат попладневно од Центарот за управување со кризи.

Loading...

Претходно Регионалниот ЦУК Куманово извести за пожари на потегот на Агино село, Брзак и Селно село.

„Регионалниот ЦУК Куманово во 17.46 часот извести дека по остварениот контакт во 15,30 часот со заменик командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово дека екипата со две ПП возила и седум пожарникари е се уште на терен за гаснење на пожарот на потегот с. Агино Село – с. Брзак, како што беше информирано во почетокот на противпожарната акција на локација во атарот на с. Селно Село, с. Брзак и с.Романовце, Кумановско.

Истовремено е известено дека една екипа на ТППЕ Куманово интервенира од 16.15 часот на опожарена сува трева и стрниште и во атарот на село Лојане со едно ПП возило и три пожарникари.

Екипата била се уште на терен“ велат од ЦУК.

Денеска попладне, е пријавен пожар на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК на локација кај бензинската пумпа на ОКТА во село Дељадровце, скопско. Според првта информаија гори нискостеблеста шума и друга ниска вегетација.

МИА