Кумановските пожарникари изминатото деноноќие имале полни раце работа, интервенирајќи во три одвоени случаи, од кои два во пожари во семејна куќа и еден запален автомобил.
Првата интервенција била на опожарен патнички автомобил во населбата Бедиње, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 22:40 до 23:20 часот (завчерачетворица пожарникари интервенирале со едно противпожарно возило.
Причината за избувнување на огнот била неисправна електрична инсталација.
– Втората интервенција била на опожарена плинска боца во семејна куќа на улицата „Др. Рибар“. Во период од 15:45 до 16:00 часот . интервенирале петмина пожарникари .
Според информациите, нема предизвикано поголема материјална штета.
Трета интервенција била на опожарена семејна куќа во населбата Средорек.
Во период од 18:20 до 19:45 часот интервенирале 5 пожарникари со едно возило.
Причина за пожарот како и висина на материјалната штета допрва ке се утврдува.
Никола Ивановски