Пожари на повеќе локации вчера во кумановско

Сподели со своите пријатели

На повеќе локации во кумановско во текот на изминатото деноноќие горела сува трева, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Тројца пожарникари со едно противпожарно вчера инвервенирале на запалена сува трева во атарот на селото Романовце. Интервенцијата траела во период од 12:35 до 15:10 часот.

Во населбата Средорек во период од 14:40 до 15:10 часот интервенирале тројца пожарникари на запален смет.

Сува трева горела и во атарот на селото Липково. Таму во период од 15:15 до 17:30 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Во селото Никуљане на запалена сува трева интервенирале двајца пожарникари во период од 17:45 до 18:55 часот.

Никола Ивановски