Пожари денеска на две локации во Куманово и Липково

Сподели со своите пријатели

На две локации во Куманово и Липково денеска се регисрирани пожари, информираат од Општина Куманово.

Loading...

– Денес (14.07.2025 година), според податоци на СВР Куманово пријавен е пожар во с.Отља во правец кон с.Матејче, каде горело сува трева и стрниште. Од страна на ТППЕ Куманово навреме е интервенирано и е изгаснат пожарот. Исто така на (13.07.2025 година) бил пријавен пожар на патот од с.Умин Дол кон с.Никуштак каде горело ниска вегетација (сува трева), велат од општината.

Оттаму апелираат до граѓаните да не палат стрништа и сува трева, како и да информираат за сите забележани пожари на отворени површини и сомнителни движења на лица, на дежурните телефони 193 и 112.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотоциклист од Куманово тешко повреден при судир со камион и автомобил

Никола Ивановски