Пожари беснееле во селата Пчиња и Жегљане

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во изминатите 24 часа на територијата на Куманово се забележани две интервенции на Територијалната против пожарна единица.

Loading...

Во првиот случај од 10:20 до 12:10 тројца пожарникари со едно возило интервенирале на опожарено стрниште со непозната површина во атарот на селото Пчиња.

Од 15:10 до 17:45, пожарникарите интервенција бележат во атарот на с. Жегљане каде била запалена сува трева и деградирана шума. Во гаснењето учествувале тројца пожарникари и едно против пожарно возило.

Засега нема активни пожари, а од овие настанати во текот на вчерашниот ден нема позначителна материјална штета, информираат од РЦУК.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.