Пожари беснееле во селата Отља и Тромеѓа

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, припадниците на Територијалната против пожарна единица имале две интервенции во текот на изминатите 24 часа.

Loading...

Првата интервенција се случила од 17:35 до 19:40 часот кога четири пожарникари со едно против пожарно возило гаснеле запалено стрниште и сува трева во атарот на селото Отља.

Втората итнервенција пожарникарите ја бележат од 17:40 до 19:50 часот кога три пожарникари со едно ПП возило гаснеле опожарено стрниште и сува трева во атарот на селото Тромеѓа.

Од РЦУК немаат добиено информации за опожарената површина и настанатата материјална штета.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.