Пожари беснеат во Хрватска, пожарникарите едвај успеваат да ја совладаат огнената стихија

Сподели со своите пријатели

Голем пожар вчеравечера изби на сплитски марјан. Огнот пламна над Прва вода. На терен интервенираат 40 пожарникари со 12 возила, а нешто по 20 часот пожар избувнал и на Брач.

Силната бура им ја отежнува работата на пожарникарите, а полицијата не дозволува никој да ги премине рампите на врвот на Марјан.

Помал пожар вечерва избувнал и на Лозовац во Шибеник.

Околу 20:15 часот пожар избувнал и на сотровот Брач. Како што изјави за Далмација денес, претседателот на Доброволното противпожарно друштво Селца, Тино Штамбук, изгореле над 2.500 квадратни метри трева и ниско растение. На терен се 17 пожарникари со четири возила и се очекува пожарот наскоро да биде локализиран.

Leave a Reply