Пожар во селото Слупчане пеплоса неколку хектари шума

Сподели со своите пријатели

Пожар кој избил вчера околу 18:30 часот во селото Слупчане пеплосал три до четири хектари борова шума, информираат од Шумското стопанство Куманово.

Поради непристапноста на теренот екипите на Територијалната противпожарна еденица Куманово не успеале да пристапан со интервенција, па на местото излегле пет лица вработени во Шумското стопанство Куманово кои рачно го гаснеле пожарот.

Истиот целосно бил локализиран во 21:20 часот, а висината на настанатата материјална штета, како и причините кои довеле до избувнување на огнот засега не се познати.

фото: архива