Пожар проголта штала со добиток и дрва

Сподели со своите пријатели

На 14.07.2017 година во 14,10 часот од страна на дежурен  од Бригадата за против пожарна заштита било пријавено дека во нас.Драчево во дворното место на Б.Ф (1942) од ул.„Герника“, од непознати причини била опожарена шталата во која имало добиток, 2 кубни метри дрва, мотор за вода „Томос“ и 1  мотокултиватор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за пртивпожарна заштита , повредени лица нема. Увид ќе се врши на 15.07.2017 година.