Пожар од рано утрово ја зафати кумановската депонија „Краста“ лоцирана во селото Пчиња, а густ чад се издига над селото.
Според информациите кои предмалку ги добивме од Територијалната противпожарна единица од Куманово во два наврати се интервенирало во ликвидацијата на огнот, но истиот се уште е активен и пожарникарите се на терен и се борат со огнените јазици.
Loading...
Во интервенцијата помагаат и вработените на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ под чија надлежност е самата депонија.