Пожар на цистерна со нафта во Индонезија, две лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Двајца членови на екипажот загинаа, а еден е исчезнат, откако избувна пожар на танкер што превезуваше гориво до терминалите на индонезиските острови Бали и Ломбок, соопшти денеска енергетската компанија Пертамина.

Loading...

Екипажот на изнајмениот танкер МТ Кристин броел 17 членови и превезувал речиси шест тони гориво кога избувнал пожарот.

 

 

Во соопштението на компанијата се наведува дека по пожарот не се излеало нафта од танкерот и дека танкерот успеал безбедно да стигне до најблиското безбедно пристаниште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Се додава дека на терминалите на островите Бали и Ломбок има доволно резерви на гориво за тие туристички дестинации.

 

Loading...