Пожар кај локалитетот „Стара Циглана“

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, вчера Територијалната против пожарна единица Куманово бележи интервенција на опожарено стрниште кај локалитетот викан „Стара Циглана“ со непозната површина.

Loading...

На пожарот интервенирале 13:50 до 16:50 часот со едно против пожарно возило и 3 пожарникари.

Нема информации за големината на опожарената површина, ниту пак за големината на материјалната штета што ја предизвикал огнот.