Пожар изгоре викендица во с. Доброшане – ТППЕ вчера со четири интервенции

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, до вчера до 21:30 часот припадниците на Територијалната против пожарна единица бележат четири интервенции,

Loading...

Првата интервенција се случила рано утрината кога во 10:30 добиле повик за запалена сува трева во селото Шупли камен каде до 15:05 часот интервенирале четири пожарникари со едно ПП возило.

Втората интервенција се случила на Градските гробишта Куманово, кога исто така била опожарена сува трева. На пријавата интервенирале тројца пожарникари и го изгаснале пожарот од 12 до 13 часот.

Запалена сува трева е пријавена и во селото Доброшане каде поради големите пламени била зафатена и викендица. Во гаснењето учествувале две против пожарни возила и четири пожарникари а пожарот бил гаснат од 16:35 до 20 часот.

Последната забележана интервенција е во селото Пчиња, каде горела сува трева, стрниште, а пожарот зафатил и неколку тополи. Екипите на ТТПЕ интервенирале од 18:45 до 21:42 часот и пожарот бил изгаснат.

Причина за пожарите,зафатена површина со пожарите, матрејалната штета, како и други подетални информации во врска со пожарите кои настанаа во текот на денот на територија на Општина Куманово, сеуште не се познати.