Кога сакате малку да ги зачините работите во сексот, најважно е да бидете подготвени за мало експериментирање.
Секс колумнистката Трејси Кокс сугерира како да го подобрите водењето љубов, а едно од најдобрите решенија е „техниката на мачка“ (или CAT, или стручно Coital Aligment Technique).
Оваа техника не е нова, но малку парови успеваат да ја усовршат до крај, бидејќи, барем на почетокот, бара многу трпеливост.
Тоа е варијација на мисионерската поза, со тоа што мажот не е во покачена положба, туку се спушта кон градите на својата партнерка. Нормално, треба да внимава да не ја притиска со својата тежина.
Зошто е добра „техниката на мачка“?
Докажано е дека таа ги удвојува шансите партнерката да доживее оргазам, а истовремено му дозволува партнерот да забави во клучен момент. И да, ова бара контрола и многу вежбање.
Како се изведува?
Тој е од горе и неговото тело се движи кон нејзината глава. Партнерите се многу блиски, а нивните карлични коски се на минимално растојание едни од други, што овозможува коренот на неговиот пенис да се трие со клиторисот и останува во таа позиција додека се движат заедно.
Замислете ги движењата на столчето за лулање: Дамата се движи нагоре и напред, притискајќи ја карлицата наназад. Тој ја движи карлицата напред и назад.
Тоа е притисок и контра-притисок и не туркање во форма на „пумпање“.
Зошто е успешна оваа техника?
Не само што ги зголемува нејзините шанси за оргазам при пенетрација, туку го прави сексот многу попријатен дури и кога има проблеми со сувост или чувствителен врв на матката.