Повторно се слушаат рафали – наводно полицијата влегла и во с. Отља

Сподели со своите пријатели

Повторно се слушаат рафали во Куманово откако ситуацијата се смири после пукањето кое започна во 4 и пол наутро.

Loading...

 

Се шпекулира и за повредени полицајци, но како што јавува порталот Љајм, полицијата од Куманово се префрлила кон север и навлегла во с. Отља во општина Липково каде исто биле забележани вооружени групи

 

Под силно полициско обезбедување на специјалните сили се сите влезови на Клиничкиот центар во Скопје, јавува Телма каде што се пренесуваат повредените полицајци од акцијата утринава во Куманово.

Loading...

Блокиран е главниот влез во болницата, каде што се очекува да бидат донесени петмината ранети во акцијата што утринава околу 4 часот почна да ја спроведува полицијата во потрага по неидентификувана вооружена група која се сомничи дека стои зад нападите на караулата во Гошинце.

 

Leave a Reply