Повредени две велосипедистки од Олимпијадата во Куманово, паднале пред целта

Сподели со своите пријатели

Две велосипедистки од Норвешка и Полска биле повредени откако вчера на трката во друмски велосипедизам паднале пред самата цел.

Loading...

– На 24.07.2025 во СВР Куманово било пријавено дека за време на одржување на велосипедска трка, при пристигнување на целта паднале и се повредиле една малолетничка од Полска и С.М.С.(21) од Норвешка, кои се учеснички на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во нашата земја, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од кумановската болница, денеска информираа дека девојчињата имале гребнатини по различни делови од телото. По пружената помош биле преземени од организаторите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Нема да дозволиме ова што го имаме како држава да го изгубиме

– Две девојчиња едното малолетно, другото 21 година околу 13: 20 часот биле примени во установата. Двете биле прегледани од лекари и им биле констатирани гребнатини по различни делови од телото. Лекарите ги прегледале, опсервирале, им направени дополнителни иследувања, снимања. Се работи за лесни повреди, по спроведената опсервација од лекарите, учесничките биле преземени од одговорните лица за младинки од Олимпискиот комитет, изјави главниот медицински техничар, Владимир Симоновски.

Никола Ивановски