Повредени деветмина полицајци во сообраќајка кај кумановско

Сподели со своите пријатели

Девет полициски службеници се здобиле со повреди откако возило со кое се превезувале се судрило со автомобил кај селото Белановце, кумановско.

Loading...

– На 28.12.2020 околу 08.20 часот во близина на с.Белановце, кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе „рено“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, во кое се превезувале девет полициски службеници и патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(48) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, на полициските службеници им била укажана помош во Општата болница Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, Јавен обвинител и Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Никола Ивановски

Leave a Reply