Повредената мајка и син од Хиподром закрепнуваат

Сподели со своите пријатели

Триесет и седум годишната жена од Хиподром која во афектна состојба првин го фрли својот 6 – годишен син, а педесет минути подоцна и себе од балкон во скопската населба Хиподром, закрепнува, откако поради подобрување била симната и од апаратите за дишење,  пренесуваат медиумите.

Loading...

Закрепнува и нејзиниот син, кој денес се очекува да биде префрлен на Одделението за неврохирургија откако после успешната операција на главата не покажал знаци на влошување на општата состојба.

Трагичниот настан кој се случи пред неколку дена ја потресе македонската јавност. Мајката наводно боледувала од психичко растројство, и според кажувањата на сопругот, тие не се соочувале со развод и караници за детето.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.