Повик за учество во „Градска хроника: 505 фотографии, 505 години Куманово“

Сподели со своите пријатели

Националната фото унија, во соработка со Фото клуб Куманово, со задоволство Ве поканува да учествувате во отсликување на нашиот град Куманово и кумановскиот регион.

Loading...

Проектот кој двете здруженија имаат желба да го реализираат е наречен „Градска хроника: 505 фотографии, 505 години Куманово“.

Целта на проектот е да се отслика и долови суштината и убавината на нашиот сакан град, Куманово.

Без разлика дали сте искусен фотограф, аматер или едноставно сте луѓе кои го сакаат неизмерно својот град, Ве поздравуваме и потикнуваме да ни се придружите во прикажувањето на она што го прави Куманово уникатно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Монодрама на Театар Куманово оди на фестивал во Германија

Од фотографиите кои ќе пристигнат, ќе се направи селекција и од нив ќе се организира изложба во некој од локалните исложбени салони.

Доколку здруженијата успеат да ги соберат потребните материјални средства, наредната година имаат желба овој проект да прерасне во книга.

Зошто да учествувате?

Оваа фото-одисеја не е само обично фотографирање, туку се работи за раскажување на приказната за нашиот град низ вашите очи.

Loading...

Без разлика дали ве привлекуваат историски знаменитости, архитектура, инфраструктура, раздвижените населби, живописниот парк или живописните улични сцени, најзначајни настани, најзначајни личности, занаети, природни убавини или сакрални споменици, вашата перспектива е непроценлива во доловувањето на духот на Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  28-годишен кумановец ја нападнал невенчаната сопруга

Вашите фотографии можете да ги испратите со пополнување на следната форма:

https://forms.gle/WnCgkqpz1dH5VCHc7, или можете да ги испраќате на емаил адреса на ФКК [email protected]

Рокот за доставување е 30.08.2024 година. Ве очекуваме!

Интегрално соопштение