Повеќето Полјаци веруваат дека Германија треба да плати воени отштета

Сподели со своите пријатели

Повеќе од половина од Полјаците веруваат дека Германија сè уште ѝ должи на Полска репарации за штетите и загубите претрпени за време на Втората светска војна, тема што владејачката партија Право и правда повторно ја покрена пред изборите следната година.

Loading...

Според мислењето на 52 отсто од Полјаците, Варшава треба да бара воени репарации од Германија, покажува истражувањето на институтот ИБриС за информативниот портал Онет.

34,5 отсто од граѓаните сметаат дека Полска повеќе нема право на репарации за штетите што ги претрпе за време на Втората светска војна, а 13,5 отсто не се сигурни, пишува бриселскиот портал ЕУРАКТИВ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Во извештајот што минатата недела го претстави полската парламентарна комисија, беше проценето дека Берлин треба да и плати на Варшава 1,3 трилиони евра.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека ќе се бори до крај за да ја натера Германија „да плати за злосторствата за кои во никој случај не е одговорна“.

Јавното мислење за идејата за барање репарации ја одразува поддршката за страните.

Дури 97 отсто од приврзаниците на владејачката партија сметаат дека Полска има право на компензација, додека 48 отсто од поддржувачите на опозицијата го делат ова мислење.

На прашањето какви се шансите Германија да се согласи да плати воени репарации, 21,3 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е можно, но огромното мнозинство (74,5 отсто) не веруваат дека Берлин ќе се согласи со тоа.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Германија, како и многупати досега, го одби полското барање за воена репарација, сметајќи дека прашањето е затворено.

Речиси 70 отсто од анкетираните сметаат дека воените репарации се една од темите на предвремената изборна кампања на владејачката партија, пред парламентарните и локалните избори кои ќе се одржат есента 2023 година, додека речиси четвртина го веруваат спротивното.

Од приврзаниците на партијата Право и Правда само 18 отсто се изјасниле дека темата за репарации е дел од кампањата, а 81 отсто сметаат дека тоа е неутрална тема, неповрзана со претстојните избори.

Експертот за меѓународно право Матеуш Пјатковски од Универзитетот во Лоѓ оцени дека Полска нема основа да бара воени репарации од Германија денеска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци