Повеќето Американци се против кандидатурата на Бајден

Сподели со своите пријатели

Само еден ден откако актуелниот американски претседател Џозеф Бајден објави дека ќе се кандидира за уште еден мандат во Белата куќа во 2024 година, беше објавено истражување кое покажа дека 70 отсто од Американците и 51 отсто од демократите веруваат дека тој не треба да бара реизбор.

Loading...

Речиси половина од нив како причина ја наведуваат возраста на Бајден, јавува Би-Би-Си.

Бајден е веќе најстариот претседател во историјата на САД, а доколку би победил на реизбор, тој би бил инаугуриран на 82-годишна возраст, а вториот четиригодишен мандат би го завршил на 86-годишна возраст.

Според американската влада, просечниот преостанат животен век на 82-годишен маж е 6,77 години, со осум проценти шанси да умре во следните 12 месеци.