Повеќе среќа од памет: Ставил 20.000 евра во кеса, па случајно ја фрлил во контејнер

Сподели со своите пријатели

Жител на Грција со непознат идентитет кога пристигнал до контејнерот ги измешал вреќите со ѓубре и на несвесен начин успеал да фрли 20.000 евра.

Loading...

Овој бизарен случај се случил на Лимнос кога Гркот решил претходно да го подели целиот кеш во три кеси кои ќе ги однесел во банка.

Парите ги ставил во багажникот заедно со уште неколку вреќи полни со ѓубре, па пред да влезе во банката застанал на неколку места во градот.

 

 

Сосема без памет дека може да ги измеша кесите, во еден момент ги фрлил парите во контејнерот.

Потоа настанала паника бидејќи тој претурал по контејнерите каде што се наоѓал, но повеќе немало пари.

Loading...

Сепак, Гркот ги повикал надлежните органи и тие веднаш му помогнале. Брзо беше лоциран камион за ѓубре што превезувал  “скапоцени вреќи”.

Благодарение на брзата акција, торбите биле пронајдени во камионот, па Гркот по епилогот изјавил дека повеќе имал среќа отколку паметен.