Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден изгаснале повеќе пожари на територијата на Куманово и соседната општина Липково.
Како што информираат утринава од Регионалниот центар за управување со кризи, во атарот на селото Речица била првата интервенција вчера. Горела сува трева, а на терен интервенирале двајца пожарникари во период од 08:55 до 09:40 часот.
Сува трева горела и во атарот на селото Романовце. Тројца пожарникари интервенирале во период од 15:30 д 17:30 часот.
Третата интервенција вчера повторно била во селото Речица на запалена сува трева. Во период од 16:50 до 18:30 часот интервенирале двајца пожарникари.
Најголемиот пожар во текот на вчерашниот ден беше оној во селото Ваксинце во Општина Липково. Таму гореа сува трева и стрниште. Дури осум пожарникари со четири противпожарни возила беа вклучени во гаснењето, а самата интервенција траела од 11:50 до 02:00 часот утринава.
Во меѓувреме вчеравечер стрниште горело во Романовце, а потоа и во селото Љубодраг.
Во раните утрински часови ноќва повторно избувнал пожар во селото Речица, овој пат горело стрниште. Интервенирале двајца пожарникари во период од 01:45 до 02:30 часот.
Пожар имало и на градските гробишта, каде гореле сува трева и стрниште. Двајца пожарникари интервенирале во период од 12:00 до 00:35 часот.
Традиционално без пожар не може и во населбата Средорек. Таму гореле сува трева и ѓубре. Интервенирале двајца пожарникари од 19:55 до 20:40 часот.
Никола Ивановски