Повеќе од 2.600 болни од морбили во Србија

Сподели со своите пријатели

Од октомври минатата година до денеска во Србија, вклучувајќи ја и територијата во надлежност на Заводот за јавно здравје Косовска Митровица, се регистрирани вкупно 2.607 случаи на морбили, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Др Милан Јовановиќ Батут“.

Најмладиот пациент имал 15 дена, а најстариот 65 години.

Најголем број заболени биле на возраст помала од пет и постара од 30 години. Повеќето заболени – 94 отсто, не биле вакцинирани, нецелосно биле вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Од вкупниот број заболени, 33 отсто биле хоспитализирани или хоспитализацијата е во тек.

Од тешки компликации од морбили регистрирано е запаление на мозокот кај едно лице и запаление на белите дробови кај 292 болни лица. /МИА


Leave a Reply