Повеќе агенции го истражуваат самоубиството на милијардерот педофил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен обвинител Вилијам Бар наредил на државната инспекција да отвори истрага за самоубиството на финансиерот Џефри Епстајн во затворот во Њујорк, пренесува АП, додавајќи дека ФБИ исто така спроведува истрага.

Loading...

Бар изјавил дека е шокирал од веста за самоубиството на Епстајн и нагласил дека неговата смрт отвора сериозни прашања на кои мора да бидат пронајдени одговори.

Неименуван извор рекол за АП дека Бар бил гневен поради фактот дека Епстајн можел да си го одземе животот.

Агенцијата ја пренела изјавата на неиуменуван извор дека на американскиот финансиер, соочен со обвиненија за трговија со луѓе и сексуално злоставување, му бил укинат надзорот против самоубиство пред да си го одземе животот.

Пред две недели 66-годишникот е пронајден повреден на подот од својата ќелија, со повреди на вратот, а се сомневало дека се обидел да изврши самоубиство. Како резултат на тоа, Епстајн бил под дополниетелен надзор.

Тој бил во затвор откако е приведен на 6 јули. Се изјаснил дека не е виновен за обвниненијата.

Во обвинението кое го теретило Епстејн е наведено дека мамел десетици малолетници во своите лускузни куќи за да им плаќа за сексуални услуги.

Судот го одбил барањето да биде во домашен притвор во својата вила во Њујорк, чија вредност се проценува на 77 милиони долари.

Loading...

Leave a Reply