Потрошил цело богатство за да биде куче: Сега сака да стане друго животно.

Сподели со своите пријатели

Човек кој потроши 14.000 долари на хиперреалистичен костим од шкотски овчар за да може да живее како вистинско куче, сега ја објави својата втора голема животна промена – и повторно го шокираше светот.

Loading...

Јапонец по име Токо, кој стана светски познат по својот поинаков живот од вообичаениот, откри дека сега е на пат да го исполни својот нов сон да стане поинакво животно – панда или мечка.

Како што изјави Токо за странските медиуми, предизвиците што ги има додека се движи како куче го натерале да размислува да имитира многу други животни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неверојатна куќа во карпа изградена пред 100 години (ВИДЕО)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by New York Post (@nypost)

 

„Кучињата и луѓето имаат различни коскени структури и начинот на кој ги виткаат нозете и рацете, па затоа е многу тешко да се прават движења кои изгледаат реално. Исто така, крзното лесно се валка и треба да се чисти секој пат, што понекогаш е многу досадно. Сепак, можеби би можел да станам уште едно куче, панда или мечка. Лисицата и мачката се исто така убави животни, но тие се премногу мали за да ги пробам“, рече Токо.

„Отсекогаш сакав да бидам животно“

Токо, кој сè уште одбива да го открие идентитетот, објавувајќи секојдневни видеа на својот канал на Јутјуб „Сакам да бидам животно“ доби различни реакции, но и потсмев за неговиот начин на живот и новите желби.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Носат ли црните мачки навистина несреќа? (ВИДЕО)

Сепак, се чини дека негативните коментари не влијаат на него, а тој е апсолутно решен во намерата да стане уште едно животно.