Потресно видео од жена од Сингелиќ која не сака да ја напушти поплавената куќа

Сподели со своите пријатели

Возрасна жена од поплавеното село Синѓелиќ не можела да се помири со страшната судбина и не сакала да ја напушти куќата и покрај молбите од нејзината ќерка и пожарникарите.

На видеото се гледа како пожарникари се обидуваат да ја убедат жената да го напушти домот, но таа упорно одбива. Може да се забележи дека собата е преполна со вода.

– Мораш да излезеш, не можеш да спиеш во вода – се слуша како и вели еден од пожарникарите.

– Јас од тука не излегувам. Ве молам, немојте да ми ја влошувате здравствената состојба. Ако можете, помогнете, ако не, ајде пријатно – вели жената, која лежи во кревет.

Таа не ги слушала ни молбите на својата ќерка да стане и да излезе од куќата.

– Јас не ја напуштам куќата. Да ја оставам куќата празна? – се слуша како вели жената.

Видеото, според тоа што го пишува на Фејсбук, е снимено ноќта во саботата.

Think24