Пред нешто помалку од дваесет години, се појавија торент веб-страници, што доведе до развој на екосистемот за пиратерија.
Некои такви страници се приватни или затворени, односно се достапни само за членовите на таа заедница, додека други се насочени кон широката маса, како што е „The Pirate Bay“.
Интернет-пребарувањата лесно може да доведат до истото, од пиратски платформи за стриминг, до страници каде што преземате содржина или врски до страници, сè ќе се појави откако ќе го напишете терминот на Google.
Таквата достапност вообичаено им користи на сопствениците на ваквите страници, додека креаторите (т.е. носители на авторски права) чија содржина била незаконски преземена преку овие „води“, беа видливо незадоволни од пиратеријата.
Иако тие со години бараа укинување на вакви страници, тоа не се случило, но ваквите страници стануваат сè помалку, што можеше да се забележи и во претходните години.
Google активно блокира страници што имаат голем број барања за отстранување. Тоа му штети на пиратскиот интернет сообраќај, а ситуацијата се влоши многу оваа година!
TorrentFreak, во соработка со компанијата MUSO, која се занимава со следење на пиратска содржина, собра податоци што овозможуваат увид во пиратскиот сообраќај од интернет пребарувачите.
Овие податоци не се ограничени на Google, но кога сметаме дека има најголем удел на пазарот, тогаш разбираме зошто се највидливи.
Виден е пад од околу 10% во 2020 во споредба со 2019 година.
Трендот на пиратерија се намалува во последните неколку години. Податоците покажуваат дека имало нагло зголемување во март и април, за што има удел и коронавирусот, но посетеноста продолжила да опаѓа и после тоа.
Втората шема се однесува на пиратски сообраќај преку интернет прелистувачи. Значителен пад, многу поголем отколку што се очекуваше.
Од декември 2019 година до ноември 2020 година, потрагата по пиратски страници опаднала за една третина. Не само тоа, постојат многу интересни обрасци. Тој тренд започна во средината на јануари, на почетокот на пандемијата. Тогаш овој слободен пад продолжи во мај, кога беше направена најголемата штета.
Овие датуми не се случајност, тие се преклопуваат со две големи ажурирања на алгоритмот на Google објавени во 2019 година.
Првиот беше на 13 јануари, додека вториот беше на 4 мај 2020 година. Повеќе од 20% од сообраќајот падна само тој месец.
Иако Google официјално не потврди дека нивниот алгоритам се насочил кон пиратски веб-страници, овие податоци сугерираат дека јасно е дека има врска.
TorrentFreak контактирал и со операторот на една од најголемите веб-страници за торенти, кој сакал да остане анонимен и открил дека имале пад од 35% кога станува збор за сообраќајот од пребарувачите на Google.
Пред само неколку недели, Гугл лансираше нов алгоритам, податоците на МУСО не го опфаќаат тој период.
Имајте на ум дека има сè попопуларни платформи каде што треба да плаќате месечна претплата за пристап до целата содржина, како што се Нетфликс, Дизни + и многу други…