Потрагата по преживеани во Турција е прекината

Сподели со своите пријатели

Речиси 47.000 луѓе загинаа во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, според последните официјални податоци, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми, јавуваат агенциите.

Loading...

Како што одминува времето, се помалку има надеж дека има живи луѓе во урнатините, па спасувачките операции се прекинати насекаде, освен во две области и започна расчистувањето на урнатините.

Бројот на жртвите во двата разорни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари во Турција се зголеми на 41.020 лица, објави државната Агенција за управување со катастрофи (АФАД).

По тие два земјотреси следеа повеќе од 6.210 последователни потреси, јавува Анадолија.

Потрагата и спасувањето е завршено, освен во провинциите Кахраманмарас и Хатај, изјави Јунус Сезер, шеф на АФАД. Речиси 47.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија.

Турската агенција за управување со катастрофи соопшти дека околу 6.040 последователни потреси ги погодиле 11-те провинции кои ја сочинуваат зоната на катастрофа прогласена од владата во деновите по првичниот земјотрес.

Првичниот земјотрес бил со јачина од 7,8 степени, а девет часа подоцна следел земјотрес со јачина од 7,5 степени.

Орхан Татар, генерален директор на агенцијата АФАД, изјави дека 40 последователни потреси биле со јачина од 5 до 6 степени, додека еден со јачина од 6,6 степени е регистриран.

Loading...

Меѓународната невладина организација Лекари без граници (MSF) повика вчера на итно зголемување на хуманитарната помош во северна Сирија.

Конвој од 14 камиони со помош на Лекари без граници за жртвите од земјотресот пристигна денеска во Сирија преку граничниот премин Ал Хамам од Турција, јавува „Радио Слободна Европа“.

„Помошта сега е занемарлива. Потребно е многу повеќе за да се одговори на обемот на хуманитарната криза“, изјавија Лекари без граници, пренесува EuroNews.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.