Потпишани договори за реконструкција на повеќе училишта во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе основни училишта во Куманово ќе бидат реновирани во претстојниот период, откако денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски потпиша договор со претставници на Министерството за образование и наука.

Loading...

 

 

– Со претставници од Министерството за образование и наука и директорите на општински основни училишта, потпишавме трипартитен Договор за изработка и ревизија на проектно-техничка документација за рехабилитација на општинските основни училишта: „Толи Зордумис”, „11 Октомври”, „Христијан Карпош”, „Вук Караџиќ” и „Браќа Рибар”, напиша градоначалникот Димитриевски на Фејсбук.

 

 

Loading...

Согласно Договорот, појаснува тој, ќе биде извршена реконструкција на училишните фасади, пристапни рампи и тоалети за деца со посебни потреби.

 

 

– Продолжуваме со обнова на училиштата и реализација на проекти во доменот на образованието како еден од столбовите на нашето општество, вели Димитриевски.

Во меѓувреме во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ се поставува енергетско ефикасна надворешна фасада.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply