Потпишан договорот за јавно-приватно партнерство за јавното осветлување во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово и чешката фирма „ИЦС Системи“ денеска го потпишаа договорот за јавно-приватно партнерство, со кој градот треба да добие модерно улично осветлување во кое приватниот партнер е инвестира 4,7 милиони евра.

Loading...

Како што изјави денеска градоначалникот Максим Димитриевски, целта е да се даде подобра услуга кон граѓаните во делот на јавното осветлување.

– Со ова сметам дека нашата општина се приближи во делот на реализирање на стандардите на европско ниво, а воедно и Општина Куманово се обидуваме да ја трансформираме во една модерна општина во европски дух, рече Димитриевски.

Според договорот, чешкиот партнер во следните шест месеци ќе ги замени сите сијалични места со современи ЛЕД сијалици кои ќе бидат интегрирано управувани и адаптилни да се адаптира смарт проект во самиот град.

Приватниот партнер пред пет години потпиша ист договор со Општина Охрид преку својата сестринска фирма во Македонија.

– Како фирма која освен што продавала вакви производи, сме имале јавно-приватни партнерства во Република Чешка, Словачка и Грција, а пред пет години како фирма го сменивме целото јавно осветлување во Општина Охрид. Сакавме да ја продолжиме соработката во Македонија, за жал поминаа долги пет години и сега успеавме по втор пат токму во градот Куманово, се надевам дека градот ќе биде задоволен од нашата работа, рече Јан Тума, претставник на компанијата „ИЦС Системи“.

Loading...

На потпишување на јавно-приватното партнерство денеска присуствуваше и конзулот на Република Чешка во Македонија, Бохуслав Завадил, кој вели дека ова е прв проект на ниво на јавно-приватно партнерство, но секоја соработка би била поддржана од амбасадата.

– Ние како амбасада би го поддржале секој друг проект без разлика дали ќе се реализирано како јавно-приватно партнерство или како приватен бизнис и секако дека ова би бил добар почеток за да се продолжи понатаму со нешто друго. Ќе се потрудиме да направиме се ова да биде добар проект за добра референца понатаму и за подобрување и засилување на нашите трговски односи, изјави конзулот Завадил.

Инаку, со договорот за кој претходно зелено светло даде и Советот на Општина Куманово, е предвидена модернизација на уличното осветлување. Истиот ќе важи 10 години, а веќе по првите седум чешката фирма ќе биде обврзана повторно да направи целосна реконструкција на осветлувањето.

Општината на крајот на годината ќе добива 20 отсто од вкупно собраните средства кои граѓаните ги плаќаат за улично осветлување во рамките на нивната сметка за електрична енергија.

Leave a Reply