Серија страшни земјотреси го погодија подрачјето на Турција и Сирија во последните 30 часа.
Сè започна во понеделникот вечерта, кога земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Турција.
Неколку часа подоцна областа Халкапинар е погодена од земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.
Од првиот разорен земјотрес, Турција и Сирија не престануваат да се тресат.
Од минута во минута се зголемува бројот на жртви, според последните информации има повеќе од 4.800 жртви.
Уништени се илјадници згради и куќи, се трага по стотици луѓе затрупани под урнатините, одвреме-навреме пристигнуваат нови снимки кои го покажуваат степенот на уништување.
Дури 454 земјотреси ја погодија оваа област во понеделник, 6 февруари и вторник, 7 февруари до 9 часот наутро (наше време).
Земјата се тресе под нозете на жителите буквално на секои неколку минути. И тоа не се „помали“ потреси што луѓето едвај ги чувствуваат.
Според податоците на EMSC, од 454 регистрирани земјотреси, дури 183 биле со магнитуда поголема од 4 степени според Рихтеровата скала. Имало дури 31 јачина од пет степени според Рихтеровата скала.
Голем број земји, вклучително и Македонија, испратија тимови за помош во погодените подрачја.
По земјотресот Турците и Сиријците се снаоѓаат како знаат и умеат, се појавија неколку видеа од луѓе кои со раце се обидуваат да ги ископаат затрупаните во урнатините…
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.