Постои план на Кремљ за контрола на Молдавија?

Сподели со своите пријатели

Во Молдавија речиси секој ден се чувствува тензија. Минатиот викенд илјадници луѓе повторно протестираа против проевропската влада на улиците на главниот град Кишињев. Полицијата уапси седум демонстранти.

Loading...

Проруска мрежа со помош на руски тајни служби е осомничена дека работела на „дејства за дестабилизација“, наводно извршени „преку демонстрации“ во Молдавија.

Москва досега секогаш ги отфрлаше ваквите обвинувања, но во Молдавија, поранешна советска република со население од нешто повеќе од 2,5 милиони луѓе, тензиите растат.

По рускиот напад на Украина во февруари 2022 година, ситуацијата дополнително се влоши.

Ширењето на проруските чувства

Русија очигледно одамна има план за Република Молдавија – барем така покажува документот што заедно со меѓународните партнери* го анализираа германските јавни радиодифузери WDR, NDR, како и минхенскиот весник „Zideutsche Zeitung“.

Според нивното истражување, администрацијата на претседателот на Русија уште пред почетокот на војната во Украина во стратешки документ конкретно утврдила како да ги промовира проруските тенденции и истовремено да ја спречи земјата да се сврти кон Запад.

Тој стратешки план на пет страници ги опишува целите на Русија во Молдавија на политичко, воено и безбедносно, комерцијално и економско, како и на социјално ниво.

Документот очигледно, според германските новинари, потекнува од истите експерти кои ја смислиле Стратегијата за анексија на Белорусија.

Loading...

Администрацијата на претседателот на Русија не одговори на новинарското прашање за наводниот документ со планови за Молдавија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Ученик со чекан нападнал професори и соученици

Во споменатиот документ, Молдавија се смета за важна алка во конфликтот со Западот.

Една од централните цели на Русија за следните десет години е, според документот, „да се спротивстави на обидите на надворешните актери да се мешаат во внатрешните работи на земјата“.

Ова се однесува на НАТО, а во исто време се посакува да се спречи слабеењето на позицијата на Русија.

Истовремено, Москва сака да обезбеди помош кога станува збор за можното учество на Молдавија во сојузите во кои доминира Русија.

Станува збор конкретно за Организацијата на Договорот за колективна безбедност и Евроазиската економска унија (ЕЕУ).

Според документот, за ова е неопходно да се прошири проруското расположение меѓу политичките и економските елити.

Повеќе часови на руски јазик

Москва сака да го искористи интересот на Молдавија за рускиот пазар како економска уцена, во смисла дека молдавската влада треба да се одврати од „наштетување на руските интереси во регионот“.

Loading...

Планови има и за образовниот систем, се чини.

Според стратешкиот документ, како што информираат новинарите, за молдавските ученици треба да се подобри „наставата на далечина на руски јазик“, а руските универзитети да отворат свои претставништва во Молдавија.

Долгорочната перспектива, според тие изјави, предвидува создавање „негативна слика за НАТО“ во молдавското општество и политичките кругови до 2030 година.

Дополнително, дотогаш треба да се обезбеди и „широко присуство на руски медиуми“ во Молдавија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина ќе обезбеди хуманитарна помош и безбедност за цивилите во Курск

Западните безбедносни експерти оценуваат дека документот е автентичен.

Еден висок западен разузнавач вели дека Москва сака да „постави знак СТОП на Западот“.

Според Штефан Мајтер, директор на Програмата за меѓународен поредок и демократија при Германското друштво за надворешна политика (ДГАП), документот покажува дека Русија се става во „директна конкурентска ситуација“ со ЕУ и НАТО и се обидува да се спротивстави на нивната интеграциска политика, нините наративи.

Придњестровје како билет за Молдавија

Избувнувањето на војната во Украина ја натера Русија да ја забрза работата на нејзините аспирации во Молдавија.

Loading...

Како што Молдавија се повеќе се врти кон Запад и спроведува реформи, руското влијание може да почне да опаѓа доколку Москва не стане поактивна.

Колку е нестабилна ситуацијата во Молдавија се покажа во февруари: неколку дена руски ракети летаа над Молдавија кон Украина.

Премиерот потоа поднесе оставка, а Украина предупреди дека Русија има детални планови за дестабилизација.

На Запад стравуваат дека Москва веројатно повеќе не сака да го одложува спроведувањето на овие планови.

На тоа укажува и заострувањето на ситуацијата во Придњестровје, каде се наоѓаат руските војници, а веројатно и најголемите складишта за муниција во Источна Европа.

Руските војници се стационирани во самопрогласената Република Придњестровје од 1992 година.

Loading...

Молдавската влада уште еднаш го повика Кремљ да ги повлече овие единици – но безуспешно.

Таа област на истокот на Молдавија, со околу половина милион жители, според меѓународното право и припаѓа на Молдавија, но Русија го користи тој замрзнат конфликт како еден вид билет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одби масовен напад на руски дронови врз Киев

„Целирани руски активности“

Стратешкиот план за Молдавија предвидува таа земја во рок од неколку години да ги укине оние мерки кои вршат политички и економски притисок врз Придњестровје.

Една од точките експлицитно се однесува на руските единици: треба да се „неутрализираат“ молдавските иницијативи кои сакаат да го прекинат руското воено присуство во Придњестровје.

Германската влада исто така внимателно ја следи ситуацијата. Министерството за надворешни работи соопшти дека кризата во Молдавија е „влошувана од целните руски активности за дестабилизација“.

Loading...

Наводно, германската влада поседува извештај за „поставување демонстрации во Молдавија преку руски актери“.

Пред неколку дена стана јасно колку е тензична и нејасна моменталната состојба.

Руската државна новинска агенција Риа објави дека наводно биле спречени обиди за напад на високи функционери во Придњестровје.

Според западната агенција Ројтерс, проруски претставници во Придњестровје ги обвинуваат украинските разузнавачки служби.

Молдавија рече дека наводите се истражуваат, а Киев ги отфрли обвинувањата и ги упати на Русија, велејќи дека агресорот бил таму.

Loading...

Москва бара изговор да интервенира во Придњестровје, за потоа да ја стави под своја контрола цела Република Молдавија, велат од Киев.

*Во истражувањето учествувале: Yahoo News, Delfi Estonia, Kyiv Independent, Expressen, Frontstory.pl, VSQuare, Belarusian Investigative Center, Dossier Center, Rise, Süddeutsche Zeitung, NDR и WDR