Поставени подигнати пешачки премини на различни локации во Куманово и околните селата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претходно изминатиов период поставени се средства за смирување на сообраќајот пред речиси сите 22 основни и средни училишта во Куманово.

Loading...

Општина Куманово, сектор за комунални дејности постави средства за намалување на брзината на движење на моторни возила (подигнати пешачки премини) на улиците „Перо Чичо”, пред школска амбуланта и на ул. „1-ва Петолетка”, непосредно до спореден влез на СОУ-Гимназија „Гоце Делчев”.

Вакви средства за смирување се поставени и на три улици во близина на основното училиште во населбата Перо Чичо, како и во руралните средини, односно во селата Речица, во близина на подрачно училиште како и на улиците во село Лопате во близина на основното „Битолски конгрес”.

-Претходно изминатиов период поставени се средства за смирување на сообраќајот пред речиси сите 22 основни и средни училишта во Куманово. Сега се врши надополнување на вакви средства во околината на училиштата. Ќе продолжиме и во рурални средини-изјави Бојан Петковски од општина Куманово.

 

 

Поставувањето на вакви средства е дел од програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2020 година – изработка на сообраќаен проект за направа за смирување на сообраќајот со ревизија предвидени се 11.200 денари

Loading...

Пред две години Општина Куманово постави лежечки полицајци на повеќе локации во градот, кои беа предложени од граѓаните, но предност имаа улиците каде се наоѓаат училишта и градинки.

Поставувањето на асфалтните смирувачи на сообраќајот и подигнати пешачки премини кои беа поставени претходно, се спроведува преку иницијативата на Заедницата на единиците на локалните самоуправи за користење на основни сообраќајни проекти со позитивна ревизија за поставување на подигнатите пешачки премини.

Leave a Reply