Рано утринава во 03,20 часот во СВР Куманово, А.Д.(30) од Куманово пријавил дека слушнал детонација од експлозивна направа пред капијата од неговата куќа.
Како што информираат од полицијата, излезено е на местото на настанот и првично е констатирано дека најверојатно е ставена експлозивна направа во корпа за смет пред капијата.
Во настанот повредени лица нема, предизвикана е само материјална штета на прозорците од куќата. Се презмеаат мерки за расчистување на случајот.