Спортската сала на Средното општинско училиште Гимназија „Гоце Делчев“ доби инсталиран нов систем за греење, а нејзиното реконструирање сѐ уште трае.

Гимназијата претходно доби и нова спортска опрема и реквизити, нови столови. Заменета е целосно внатрешната столарија, а воедно привршува и поставувањето на нова енергетско ефикасна фасада.
Целосната реконструкција на училиштето чини околу 320.000 евра.
Никола Ивановски

