Постар маж е осуден затоа што намерно ја заразил својата поранешна сопруга со корона

Сподели со своите пријатели

Маж (63) од Австрија е осуден на девет месеци условна казна, бидејќи намерно ја заразил својата поранешна сопруга со коронавирус. Според „Шпигел“, мажот е обвинет за обид за нанесување тешки телесни повреди. Имено, тој намерно кашлал во својата сопруга и така се разболела од опасниот вирус.

Loading...

 

 

Бизарен инцидент се случи во ноември минатата година, за време на бракоразводна парница. Човекот цело време бил во куќата без маска и намерно кашлал во правец на неговата сопруга. Тој намерно ја користел и нејзината крпа. Обвинението исто така тврди дека тој физички ја нападнал сопругата и се обидел да ја истера од станот. По тој повод, тој ја турнал кон вратата, при што жената се здобила со полесни повреди, а потоа било утврдено дека се разболела од коронавирусот.

За „среќа на мажот“, таа поминала со полесни симптоми, па тој бил обвинет само за обид за нанесување тешки телесни повреди.

Обвинетиот цело време тврдел дека е невин и дека жената не сакала да го пушти во куќата откако добил позитивен тест. Сепак, жената тврди дека нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг, не сакал да оди на лекар, иако имал симптоми.

Leave a Reply