Постапката за носење урбанистички планови во Куманово ќе биде целосно транспарентна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Постапката за носење урбанистичките планови во Куманово ќе биде целосно транспарентна со воведување на новитети во ГИС апликацијата поставена на веб страницата на општината.

Loading...

Како што информираше денеска раководителот на Секторот за урбанизам при Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, целосната урбанистичка документација е веќе достапна на интернет, а со нови три модули ќе се направи транспарентно носењето на било кој урбанистички план.

– Со овој модул ние сме целосно транспарентни во постапката на донесување на урбанистичката документација, така да секој заинтересиран ќе може на сајтот на општина Куманово во апликацијата ГИС да се регистрира со своето корисничко име, мејл адреса, да стави точки на интерес пример го интересира централно градско подрачје, го интересира Гоце Делчев, така да кога нешто ќе се случува таму од областа на урбанистичкото планирање, односно ќе се оргнаизира јавна анкета и презентација или ќе се донесува нов урбанистички план, корисникот ќе добие мејл известување дека на тој и тој ден се организира јавна анкета и јавна презентација, изјави Сларидис Јаневска.

 

 

Како што рече таа голем дел од граѓаните веќе ја користат апликацијата ГИС и ќе имаат увид во она што е предвидено за нивната катастарска парцела.

Според Ѓорѓи Стојанов, проек менаџер од Интелигент нетворк солушнс кој работи на овој модул, системот функционира така што се внесени сите урбанистички парцели и граѓаните може да се најават и да добиваат известувања за сите урбанистички планови што ќе се носат.

Loading...

 

 

– Моментално апликацијата е само за увид во урбанистичките парцели, но со самата регистрација може да се ставаат точки од интерес каде автоматски преку е-маил адреса ќе бидат известени за сите промени во општината, вели Стојанов.

Инаку во системот се опфатени сите урбанистички парцели на ниво на општина Куманово.

Никола Ивановски