Еден од наусоривте масовни убијци на 20 век, Чарлс Менсон, почина завчера во болница во која бил префрлен од затворот неколку дена претходно кога било констатирано дека е на смртна постела.
Злосторникот кој првин е осуден на смртна казна, која потоа е заменета со доживотна робија, во историјата на криминалистиката влегува со свирепите убиства кои ги направија членовите на неговата секта „Семејство“.
Loading...
Меѓу 35 жртви на оваа секта е и актерката Шерон Тејт, сопруга на режисерот РОман Полански, која со 16 убоди од нож ја убиле во осмиот месец на бременоста.
Денес се откриени последните зборови на Менсон пред да ја испушти последната воздишка, а кои докажуваат дека и во смрт заминал онака како што живеел – како вистински лудак.
– Јас сум најпознатото човечко суштество не само помеѓу живите, туку и кое некогаш живеело. А се уште не сум мртов. Што ќе се случи која ќе умрам? – рекол Менсон на смртната постела.
Зошто сите масовни убијци имаат иста фризура и морничав поглед?
Претходно Менсон, кога бил префрлен во болницата, негирал дека има врска со убиствата за кои е осуден на доживотен затвор, велејќи дека никогаш ништо не им наредил и дека членовите на сектата „Семејство“ можеле да ја напуштат истата кога и да посакале.
Очевидците на неговите последни денови додаваат дека не покажал ниту трунка каење.