ПОСЛЕДНИТЕ МИГОВИ ПРЕД ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО: „Разоружавме цела бугарска војска“

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на Денот на ослободување на градот Куманово кој ќе се одбележи в четврток, ви пренесуваме еден текст стар многу многу години, а кој ќе ви ја долови атмосферата од последните мигови во борбата за слобода.

Loading...

Со пљачкосани материјали и со оружје тргнале црните, долги колони кон исток. Така бугарската окупаторска дивизија од Врање се упатила за Бугарија по патот Куманово – Крива Паланка, но не малку била изненадена кога кај Никуштак и Старо Нагоричане ја пречекале Германци.

Многумина бугарски војници никогаш веќе не ги виделе своите родни села, мајки и сестри, а останатите се упатиле кон ослободената територија Козјак.

На 10 септември 1944 година, убав есенски ден, од Куманово често се слушале експлозии од гранати и клокотење на митралези, што на малубројните партизани им оставало особен впечаток.

Првите извештаи пристигнале ов доцните попладневни часови и гласеле: „Кон нас се движи голема бугарска војничка колона. Сите под оружје“.

Во својство на командант на подрачје Стојан Тодоровски Ларго, излегол од набљудителницата. Бугарите не ги видел, туку забележал дека маса луѓе од кај Пчиња бегале во паника.

Брзо се вратил и со курирот потрчал кон Комантата на местото што се наоѓало во училиштето, но таму не пронашол никого. Одеднаш го опколиле бугарски војници.

„Кога дојдоа толку брзо? Како никој не ги забележал?“ – биле прашањата што на Ларго му се моткале низ главата и истовремено се подготвувал што поскапо да го наплати својот живот.

Loading...

– Го бараме командантот на партизаните, истапил командирот на бугарскиот коњички ескадрон, кој по долот незабележително како претходница дошол во селото.

– Командантот не е тука. Тој е со војската на положаите по околните висови. Ги гледате ли оние ридје? – рекол Ларго.

Бугарскиот ескадрон во очекување на „партизанскиот командант“ се сместил околу училиштето.

Ларго и натаму чувствувал опасност, но тој кус починкот му овозможил да ги собере сите расположливи сили и колку-толку да се подготви за борба. Истовремено испратил итна телеграма до Главниот штаб на Македонија во манстирот Прохор Пчински, веднаш да дојдат на разговори со бугарските старешини.

Наското пристигнале и Главниот штаб на НОВ и ПОЈ на Македонија на чело со Светозар Вукмановиќ – ТЕМПО и Михајло Апостолски.

Во една од училниците започнале долготрајни исцрпувачки преговори меѓу двете страни. Бугарите барале да им се дозволи слободен премин преку слободната територија, а нашите тоа го условувале со разоужување.

„Кога беше најтешко наредив да се донесат купишта слама и дрва, поставувајќи ги во четириаголник на ледината пред училиштето. Ги запалив. Букнаа силни огнови. Бугарите ги изненади оваа глетка. Им беше речено дека ноќта сојузнички авиони ќе фрлаат оружје и болека, па е нужно да се одалечат што повеќе. Така се ослободи просторот околу школото, пишувал Ларго.

Бугарските офицери до крајот на разговориле останале упорни, но и македонското раководство.

Loading...

Меѓутоа, ситуацијата ја решил партизанскиот одред што се наоѓал во Рамно и Арбанашко. Кога во рани зори првите бугарски делови започнале да се движат кон Аранашко, партизаните припукале и наредиле веднаш да го фрлат оружјето. Започнало панично бегање, а во исто време партизаните започнале да ги разоружуваат некои помали воени состави пред училиштето.

За малку време целата дивизија била разоружана. Огромен број митралези, минофрлачи, пушки, муниција, храна и шежер паднале во рацете на партизаните.

Со оружјето биле формирани нови бригади и единици.

Родниот град нетрпеливо го очекувал своите ослободители.

И тие дошле на 11 ноември 1994 година.

Пишува: Стојан Тодоровски Ларго

Извор: „Наш весник“ – 11 ноември 1970 година