Последните две недели пораст на заболените во Куманово од 177,5 проценти

Сподели со своите пријатели

Зголемен е бројот на позитивни лица на коронавирус во Куманово, последнава недела споредено со претходните две недели, информираа денеска надлежните од Центарот за јавно здравје Куманово.

Loading...

Од 3 до 9 јануари, годинава, регистрирани се 219 позитивни лица, претходната недела биле евидентирани 64, а пред неа имало 49 позитивни лица.

Само во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 40 нови случаи.

Според податоците на ЦЈЗ Куманово има заболени во сите возрасни групи, но најмногу во групата од 30 до 39 години, по што следат, заболени лица помеѓу 20 до 29 години.

 Најмалку заболени се деца на возраст од 0 до 9 години, соопштија надлежните.

– Заклучно со 10 јануари активни се 259 лица. Минатата недела починало едно лицe. Последните две недели, во однос на претходните има пораст на заболени од 177,5 проценти. Од почетокот на пандемијата евидентирани се 13.388, оздравени се 12.576 лица, изјави епидемиологот од ЦЈЗ Куманово, д-р Јадранка Стаменковска.

Стаменковска препорачува оние кои веднаш ќе ги забележат првите симптоми да се изолираат, а граѓаните да ги почитуваат општите препораки од надлежните.

– Најважна i клучна препорака е вакцинацијата. Тоа е единствен начин да се стави крај на пандемијата, додава Стаменковска.

Loading...

МИА