21.05.2019 13:58

Последната борба на Третата македонска бригада


Третата македонска бригата се враќала од својот пат во Егејска Македонија и преку Плачковица и Осогово пристигнала пак на терените на Крива Паланка – Куманово – Врање, т.е. на својата територија. Но, со првиот премин на овој терен, таа стапила во борба. На Чушино брдо една голема бугарска единица чекала засега. Со силен јуриш бугарскиот батајлон бил разбиен, оставајќи на бојното поле 130 мртви и 22 заробени. Од материјали и оружје, покрај другото, била запленети и два топа.

Маршот продолжил.

loading...

По еден ден повторно борба со една единица која чекала во засега. Резултатот бил тој што непријателот и овој пат се простил со повеќе од една чета луѓе.

И утредента пак борба, но за разлика од другите, тогаш бригадата поставила засега.

На 18 јуни 1944 година во раните утрински часови, додека борците се уште се одморале во малото планинско село под Петрова Гора, стигнало известување дека една колона од бугарски војници се движи во правецот на селото. Бригадата веднаш го напуштила селото за да заземе погодни позиции за борба.

Планот за пречек на овој бугарски баталјон бил изработен веднаш откако точно се утврдил правецот на неговото движење. Токму кога нашите баталјони требало да тргнат за да ги заземат одредените позиции, од другата страна кон бригадата се наближила една друга колона. Настанала радост и прегрнување. Тоа бил Првиот баталјон „Стив Наумов“, кој пред еден месец во борбата кај Црна Трава бил одделен од бридата, за да ги задржи бугарските единици додека се пробивала бригадата. Оттогаш баталјонот дејствувал самостојно. Радоста меѓу борците била голема што бридата повторно била комплетна и така веднаш стабиле во нова борба. Со бригадата имало и еден Косовски баталјон.

фото: Државен архив на Република Северна Македонија / Википедија

Бугарскиот баталјон наближувал. Неговиот броен состав бил од преку 440 луѓе. Бридата тогаш броела многу помалку. Патот по кој се движела колоната водел кон една блага падина, за да продолжи потоа покрај погуста шума. На крајот од падината, на работ од шумата, бил поставен Вториот баталјон. Тоа била заседа. Лево минувал патот. На левата страна, кај угорницата па се до врвот била ретка шума. Тука позиции зазеле борците на Првиот баталјон, а сосема горе на врвот Косоварите. Третиот баталјон бил испратен кон Свети Илија, за да го сопре евентуалното доаѓање на бугарските зајакнувања.

Колоната од бугарската единица се повеќе се доближувала. Таа веќе стигнала до местото каде што биле првиот и косовскиот баталјон. Во ретката шума зад секое дрво имало по еден борец со пушка в раце. Никој не мрдал. Затоа Бугарите и не забележале. Колоната на окупаторските војници продолжила полека, движејќи се уморно и безволно, да се спушта по падината. На триесетина метри пред главнината одеше патрола претходница, а десно од неа бочна патрола.

loading...

Заседата чекала. Патролата требало да се пушти да помине, а главнината да се нападне од непосредна близина. Меѓутоа, кога претходницата се доближила на пет-шест метри, офицерот што ја водел како да ги забележал борците, па извикал: „На готовс, шумкари!“.

Тоа како да била команда издадена на нашите пушкомитралесци и стрелци. Додека се обиделе да ги симнат пуштике од раменици, војниците веќе биле покосени. Шеснаесет автомати и четиринаесет пушки што ја опсипале претходницата за момент биле свртени кон главнината, која не била подалеку од дваесеттина метри. Почнале да паѓаат оние што биле на чело на колоната. Очигледно збунетисо ненадејниот оган, бугарските војници биле избезумени. Се обиделе да бегаат нагоре, од каде што доаѓале создавајќи безредие, со што на нашите пушкомитралесци им се овозможило попрецизно да гаѓаат.

Сето тоа траело пет минути, па заседата се претворила во јуришна група. Громогласно „ура“ се разнело по Петрова Гора. Тоа „ура“ воедно бил и сигнал за другите два батајлони да стапат во дејство. Бугарите бегајќи, очигледно сакале да се засолнат во шумата што била пред нив. Но, оттаму се појавиле други наши единици. Од три страни напад со јуриш. Кај окупаторските војници завладеала паника и хаос. Никој не знаел што да прави и каде да оди. За оние што не сакале да се предадат веднаш, имало само еден излез – да бегаат во големиот дол што бил од десната страна каде што било и предвиено да бидат втерани. Таму ги чекала сигурна смрт, или стрмоглаво паѓале или од истрелите на нашите борци кои веднаш и тука се нашле.

Штабот на Третата македонска ударна бригада
Фото: Википедија

Оваа борба не траела ни половина час, а резултатот бил следниот: преброени 140 метрви, а заробени околу 150. Покрај тоа многу ранети и загинати што не можеле да бидат преброени во долот.

Меѓу мртвите лежел и командатот на баталјонот по чин потполковник, заедно со сиот офицерски кадар. Него од коњ го симнал еден борец со еден истрел и тоа во моментот кога изгледало дека ќе успее да ја сочува главата. Покрај сето тоа и сето оружје со кое располагала единицата, им припаднало на нашите борци. Тоа многу им помогнало, бидејќи муницијата за англиското оружје им привршувала.

Колку бргу се одиграло сето тоа говори и фактот што од преку 400 војници само тројца успеале да употребат оружје. Од нив едниот бил со пушкомитралез, кој набргу по отворањето на огинот бил убиен.

Од македонска страна ранети биле двајца, еден потешко и еден сосема лесно.

Ниту баталјонот кој бил испратен кон Свети Илија не останал тој ден без борба. Попладнето кон Петрова Гора доаѓало зајакнување за веќе уништениот баталјон на потполковникот Попов. Борбата со оваа единица продолжила кај Нови Глог, но не за долго. Оставајќи дваесетина војници и офицери, Бугариле морале да се повлечат.

loading...

Повлекувањето било последно во мајската офанзива. Тука на Петрова Гора и Свети Илија со пораз завршила пролетната офанзива на македонските единици на овој терен. Борбата на Петрова Гора била последната во Седмата офанзива и воедно последната борба од сите непријателски офанзиви на овој терен.

Поранешната слободна територија пак била слободна и дури многу проширена. Борците од македонската единица можеле да одморат.

За кратко време се приготвило формирањето на АСНОМ, чие Прво заседание се одржало на 2 август во манастирот Прохор Пчински. За време на приготвувањата, како и за време на одржувањето на заседанието, борците од Третата македонска бригада будно ја чувале слободната територија.

Пишува: Нешо Марковски

Извор: „Наш весник“ број 67 (сабота, 1.август 1964. година)

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments