После петдневна пауза, МВР го објави бројот на регистрирани бегалци

Сподели со своите пријатели

После петдневна пауза во информирање на јавноста за бројот на регистрирани бегалци на Гевгелија, Министерството за внатрешни работи денес информираше дека во текот на изминатото деноноќие, издадени се потврди на вкупно 3.673 странски државјани, при што најбројни се државјаните на Сирија – 2.175, Авганистан –788, Ирак – 428, додека другите се во помал број.

Loading...

Во периодот од 19 јуни до 8 ноември, според МВР, издадени се потврди на вкупно 224.911 странски државјани, при што повторно најбројни се државјаните на Сирија-142.925, потоа Авганистан-47.953, Ирак-17.190, Пакистан-4.749, Иран-4.335, Палестина-1.873, Сомалија-1.117, Бангладеж-1.035, Конго-508, Мароко-469, Алжир-307, Либан-292,  Нигерија-268, додека останатите се во помал број.

Во истоимениот период, до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 08.11.2015 година евидентирани се вкупно 3 баратели на азил,  сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице  со придружба на старател и двајца мажи )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.