После пеколни температури нè очекуваат нови дождови и грмежи

Сподели со своите пријатели

Според метеоролозите, денес во Македонија се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, вдолж Повардарието умерен северен ветер, со температура од 28 до 36 степени.

Во наредните денови, следува период на претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои до средината на наредната недела на повеќе места ќе надминуваат 35, а во југоисточниот дел од земјата ќе достигнат и 39 степени.

Во недела и понеделник во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи.

Од втората половина на наредната недела температурата ќе биде во опаѓање, а ќе има и нестабилност со пороен дожд и грмежи.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.