После 73 години брак, маж со песна се прости од саканата сопруга (видео)

Сподели со своите пријатели

Брачниот пар Ховард и Лаура се венчале пред 73 години, и тогаш си ветиле вечна љубов, и во добро, и во зло.

Loading...

Нивната заклетва се овистинила, што го докажува и видеото постирано неодамна на социјалната мрежа Фејсбук, каде сега веќе 92 – годишниот дедо и пее песна на својата хоспитализирана сопруга.

Присетувајќи се на младоста, дедото со песната “You’ll Never Know”, инаку популарна љубовна песна од 40 – тите години на минатиот век, вели дека на тој начин сакал да и посака на сопругата, последните денови да ги помине во мир.

– Лора беше хоспитализирана за да своите последни денови ги помине во мир. Јас имав среќа да бидам сведок на таа голема љубовна но и срцепарателна сцена. Мојот дедо ја отпеа нивната омилена љубовна песна, истата онаа што ја пеел кога заминал да војува во Втората светска војна, напиша нивниот внук Ерин на својот Фејсбук профил.

Ерин истотака го опишал и моментот кога Лора, која иначе останала без вид, длабоко се загледала во очите на својот мжа, додека тој ја пеел нивната љубовна песна.

Брачниот пар е во брак полни 73 години.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.