Послаб земјотрес регистриран во Македонија

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерта на 17 октомври во 22 часот и 13 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 147 km западно од Скопје.

Loading...

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда M L 4,8 а беше почувствуван од населението, особено во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, стои во соопштението.