Малопродажните цени на нафтените деривати во земјава поскапуваат за 3,21 отсто, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетија.
Така, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 денари за литар, односно за 2,50 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 71,50 денари по литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73 денари.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари по литар.
Со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51 денар за литар.