Посетата на тројцата премиери на Киев подготвена во тајност, може да биде многу опасна

Сподели со своите пријатели

Одлуката на премиерите на Полска, Словенија и Чешка да отпатуваат денеска во Киев и на тој начин да го поддржат украинското раководство во екот на руската агресија е подготвена во тајност, а тоа е ризичен, но многу храбар потег на Јанез Јанша, Петер Фиала и Матеуш Моравјецки, според словенечкиот неделник Демократија.

Loading...

Посетата се подготвува во строга тајност, тие патуваат со воз за да се сретнат со украинскиот премиер Володимир Зеленски, кога смртта на украинска почва демне на секој чекор.

Тоа е ризичен, но храбар, многу храбар чин, пишува весникот.

 

Зеленски: Путин ќе ги таргетира другите европски земји, сите сте цел

 

Но, тоа е инвестиција во слободата и суверенитетот на државите кои се најблиски до агресивната Русија, пишува главниот уредник на неделникот Јоже Бишчак, кој додава дека поради ситуацијата во Киев каде руската армија продолжува да напаѓа, локацијата а времето на нивната средба со Зеленски не е познато.

Опасното патување со воз за Киев беше организирано во договор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, и „четворицата храбри“.

Loading...

На патот тргнал и претседателот на полскиот комитет за национална безбедност и одбрана Јарослав Качински – свесни се дека не е само Украина во прашање, туку дека Украинците покрај својата татковина бранат и други земји, особено оние што се поблиску до руската граница, вели неделниот коментатор близок до Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша.

 

Зеленски: Путин ќе ги таргетира другите европски земји, сите сте цел

 

Не случајно лидерите од земјите кои го доживеале она што е „болшевичко и комунистичко зло“ и што значи да се притисне „тоталитарни воени чизми“ се одлучиле на ризично патување во Киев.

Затоа „Бог и ангелите на пат кон Киев нека ја заштитат храбрата средноевропска четворка“, пишува Бишчак.