Посебни мерки за работа на кумановскиот суд

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот основен суд во целост ги почитува заклучоците и донесени од Судскиот совет на државата и мерките и препораките на Владата во услови предизвикани од ширењето на коронавирусот.

Loading...

Во судот извршена е дезинфекција на целиот објект, сите што влегуваат поминуваат низ дезинфекциона бариера, задолжително користат гел поставен во судот. Странките ги интервјуира судската полиција за потребите за кои влегуваат, со лицата со кои се среќаваат.

Основен суд Куманово, ќе ги извршува нужните работи, судења  во кривични предмети кога обвинетиот или дел обвинетите се во притвор, домашен притвор или спрема кои е изречена некоја друга мерка за обезбедување на присуство на обвинетиот во постапката, кривични предмети на странките кои немаат живеалиште, односно престојувалиште во РСМ, а се затекнати во државата,  кривични предмети за кои постои опасност од застарување на кривичното гонење. кривични предмети за кривичните дела:„Пренесување на заразна болест“. „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ , „Неукажување медицинска помош“, „ Спречување на службено лице ви вршење на службено дејство“, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“  и „Организирање отпор“  од кривичниот законик.

Судот ќе ги работи и прекршочните предмети од итна природа, предмети со предлог за издавање на привремена мерка,  предмети по кои постапката е во фаза на донесување на одлука, предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок, предмети кои по сила на законот се итни, прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузувни рокови.

-Закажаните предмети кои не се итни ќе се одржат по исполнувањена законски услови и доколку претседателот на судот и судиите проценат дека не се со висок ризик по здравјето на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката- се вели во соопштението на Судот

Врз основа на одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија и заклучоците од седницата на судии на Основен суд Куманово, на веб-страната на судот ќе биде објавен список на предмети, определени по број, час и датум на одржување и судија кој постапува.

– Во кои рочиштата во наредниот период заклучно со 31.03.2020 година ќе се одржат, додека за сите останати предмети, исто така заклучно со овој датум, рочиштата се одлагаат и на странките и другите учесници во постапката, ќе им бидат доставени покани.

Списокот на предметите, по кои рочиштата ќе се одржат, ќе биде постојано ажуриран, во зависност од приемот на нови предмети, по кои ќе се постапува, одлуката како и во зависност од периодот, до кога ќе е во важност оваа одлука.

Loading...

-Оттука, се известуваат странките и другите учесници во постапката континуирано да ја следат веб-страната на судот, заради нивно навремено информирање.

Основниот суд Куманово, апелира до граѓаните, заради минимизирање на ризикот од ширење на вирусната инфекција, во просториите на судот, да пристапуваат исклучиво, заради итна и неодложна потреба за добивање на одреден судски документ.

Граѓаните кои во претходните 14 дена престојувале во земјите кои се означени со висок и среден ризик од зараза со коронавирус, како и граѓаните кои појавиле симптоми на заразата, да не се јавуваат лично во Судот, додека не измине потребното време на самоизолација или лекување, а доколку имаат итна потреба од остварување на одредено право во судот, за барања да се обратат на службена меил адреса на судот – [email protected] -велат од кумановскиот суд.

МИА

Leave a Reply