Португалија во вонредна состојба поради коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Португалија од денеска е во вонредна состојба, а воведен е полициски час во областите кои се најсилно погодени од пандемијата на коронавирусот.

Loading...

Околу седум милиони луѓе, што е околу 70 проценти од населението, нема да можат да ги напуштат своите домови во следните две недели помеѓу 23 и 5 часот наутро, и за време на викендите по 13 часот.

Португалската Влада предупреди дека вонредната состојба, која им дава на властите посебни овластувања, може да биде продолжена, а мерките ќе се заострат доколку ширењето на вирусот не се забави.

Бројот на заразени и хоспитализирани нагло се зголеми во Португалија во последните неколку недели, а досега починаа 2.896 лица.

Пандорка Арсовска-Гацова

 

Leave a Reply